Харадинај: Секој што им се заканува на американските војници е непријател на Косово

by Fokus

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово – Рамуш Харадинај, предупреди дека секој што ќе им се заканува на американските војници на Косово, без разлика на националноста и функцијата, ќе се смета за непријател и дека „ќе биде во затвор доколку не избега”.

„Кој ги загрозува американските војници на Косово, не му припаѓа на Косово, ниту ќе му припаѓа на Косово. Тоа е само против Косово. И тој ќе биде третиран како непријател на Косово“, порача Харадинај на Фејсбук, реагирајќи на предупредувањето на американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер дека постои реален ризик поврзан со отворањето на мостот во Митровица, што може да влијае на безбедноста на војниците на НАТО, вклучително и американските војници.

Харадинај рече дека кој и да им се заканува на американските војници „или ќе биде во затвор или ќе побегне и ќе се сокрие“.

„Без разлика на националноста и каква должност има, тој, таа, тие ќе бидат казнети“, убеден е Харадинај.

Тој им порача на сите кои имаат „државна одговорност“, доколку се најдат во неговите зборови, а кои, како што вели, по американското барање до Владата на Косово, треба да знаат дека нема да имаат заштита од „наметката што привремено ја покри нив“.

Поврзани новости