Косовскиот премиер Рамуш Харадинај преку социјалните мрежи го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонското Собрание.
„Го поздравувам изгласувањето на уставните промени во македонското Собрание за промена на името во Република Северна Македонија, како голем чекор на патот кон евроатлантските интеграции на соседната држава. Овој настан, кој е значаен за новата историја на Западен Балкан претставува надеж дека нашиот регион оди во правец на еден траен мир“, напиша косовскиот премиер Рамуш Харадинај на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Тој во својата честитка додаде дека го поздравува Зоран Заев за докажаната прозападна визија, и како што посочи ги поздравува и Албанците од Македонија за клучната улога во овие промени.
Честитика по синоќешното гласање пристигна и претседателот на Косово Хашим Тачи, како и од претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.