433
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај објави на својот Фејсбук профил дека од „денеска меѓу Република Косово и Република Албанија не постои граница“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај ова го објави по церемонијата што се одржа попладнево по повод потпишувањето на спогодбата меѓу владите на Косово и Албанија за подигање на единстен граничен премин меѓу двете земји.
– Тоа што некогаш беше граничен премин на Косово, не постои веќе, сосема е отстрането. Не очекува и развојот на другиот дел од потребните договори и протоколи, за да не се запираат возилата, односно тука ќе се запира само по некое возило заради потребните рутински процедури, изјави Харадинај на граничниот премин Морина.