476
Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ја поздрави поддршката што германската канцеларка Ангела Меркел им ја изрази на земјите од Западен Балкан за интегрирање во Европската Унија (ЕУ).
Харадинај преку својот Твитер, покрај фотографија со Меркел од нивната средба во Берлин, порача дека „ЕУ ќе биде посилна“ со интегрирањето на шесте земји од регионот.
– Го поздравувам ставот на канцеларката Меркел за потврда на поддршката за перспективата на Западен Балкан за проширување на ЕУ. Европската унија ќе биде посилна и со поголема добросостојба со интегрирањето на Западен Балкан. Косово е подготвено, напиша Харадинај