Најмалку 33 лица загинаа, а 15 се повредени кога избувнаа немири во затвор во главниот град на Мозамбик, изјави денеска полицискиот командант Бернардино Рафаел.
За време на инцидентот од затворот избегале 1.534 лица, но досега се фатени 150, изјави Рафаел, пренесе Ројтерс.
Мозамбик моментално доживува ескалација на граѓански немири поврзани со спорните избори во октомври, кои ја проширија власта на партијата Фрелимо. Опозиционерите и нивните поддржувачи тврдат дека изборите биле наместени.
Додека Рафаел ги обвини протестите надвор од затворот за поттикнување немири, министерката за правда Хелена Кида изјави за локалната приватна телевизија Мирамар ТВ дека немирите започнале внатре во затворот и немаат никаква врска со протестите надвор од затворот.
„Судирите што следеа резултираа со 33 смртни случаи и 15 повредени во околината на затворот“, рече Рафаел на прес-конференција.
Министерот за внатрешни работи на Мозамбик во вторникот изјави дека најмалку 21 лице загинале во немирите откако највисокиот суд во земјата во понеделникот ја потврди победата на Фрели.