Петнаесетгодишното дете за кое претходно хрватските медиуми пренесоа дека починало сепак е живо и лекарите се борат за неговиот живот, пренесува 24 сата.хр.
Во земјотресот во Загреб срушени се покриви, оштетени се многу згради, но погодени се и болниците, каде пациентите морале да бидат евакуирани надвор, пренесува 24 сата.хр.
#potres #petrova 🙁 pic.twitter.com/THitlwnZWy
— MariE (@MarijaZG) March 22, 2020
Граѓаните се на улица во паника, добија препораки од министерството за внатрешни работи да држат растојание поради коронавирусот.
Два силни потреси, првиот со јачина од 5,3, а вториот 5 степени, го погодија денеска рано наутро Загреб и предизвикаа штети на некои згради. ХРТ јавува дека има и повредени. Имало и трет удар со јачина од 3,7 степени во 7:41 часот.