Хаос во сообраќајот утрово во Скопје поради посетата на фон дер Лајен

by Fokus

Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен направи хаос во сообраќајот утрово во Скопје.

Гужви и нервозни возачи, се слушаат сирени од автомобили, а засилено е полициското присуство во центарот на градот.

Претседателката на ЕК утрово треба да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, по што се очекува да се обрати на македонската јавност.

Таа пристигна вчера во Македонија, со што ја започна нејзината турнеја на Западен Балкан. Се сретна со претседателот Пендаровски, по што на социјалната мрежа Х порача дека со нетрпение не очекува во ЕУ.

Поврзани новости