Досега најголемото изненадување на ЕП беше неочекувано убедливиот пораз на Украинците од Романија (3:0), по што следуваше хаос во соблекувалната на поразената репрезентација.
Романците ги демолираа Украинците и беа подобриот ривал во секој момент. Тоа разочарување набрзо прерасна во огорченост, па настана хаос во соблекувалната.
Ситуацијата ескалирала во вистинска тепачка, а германските медиуми пренесуваат дека се било на работ на физички конфликт.
Челниците во соблекувалната го повикаа целиот тим да го почитува редот и се обидоа да ги утврдат причините за тешкиот пораз.
„Билд“ наведува дека на тој состанок не присуствувал селекторот Сергеј Ребров бидејќи главните играчи сакале да го решат тоа без него, па го исфрлиле од соблекувалната пред средбата и потоа настанал општ хаос.
Зборот го земале Андриј Лунин и Олександар Зинченко кои се обиделе да го разбудат остатокот од тимот.
Ребров не ги штедел играчите.
„Ја претставуваме Украина на овој турнир, тоа е важен момент за целата нација. Играчите добиваа пораки од воини, од војници во минатото. Секој играч мора да го даде најдоброто од себе, прво најдоброто, а ако не го направи – ќе биде тешко“, рече Ребров.