665
До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло за време на фудбалскиот натпревар од Третата лига југозапад помеѓу домаќинот Волино и Црно буки (1:0), пренесува „Охридњуз“.
Според информациите, целата ситуација колуминирала по незадоволство од судиска одлука, анцидентот се случил на трибините при обид за приведување на лице од публиката.
Набрзо пристигнало полициско засилување, а при нарушувањето на јавниот ред и мир приведени биле повеќемина.
Незадоволни граѓани потоа се упатиле кон СВР Охрид поради што превентивно е подигната безбедноста и блокирани се пристапите до полициската станица.
Фото – Охридњуз