Хаос во Бразил: За еден ден починале 1290 лица од корона вирус

by Fokus

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани 42.223 нови случаи на корона вирус, а починале уште 1.290 лица, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Од почетокот на епидемијата во земјата заразени се 1.539.081 лице, со што Бразил се наоѓа на второ место во светот по САД.

Досега во Бразил се потврдени 63.174 смртни случаи.

Поврзани новости