Хаос, почнаа да копаат – дел од пораките на обвинетите во „Софтвери“

by fokus

Хаос, почнаа да копаат. Нема од што да се плашиме, се е легално. Ова сега Драги повеќе го притискаат. Демек, зошто не е МВР, зошто преку Генералниот секретаријат.

Ова се дел од пораките кои си ги праќале дел од обвинетите во случајот „Софтвери“, каде првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кои денеска беа прочитани во судница како докази предложени од обвинителството. Пораките се разменувале откако јавноста дозна за овој случај преку медиумите.

На 2 јануари, од рано наутро, па скоро до пладне траело наддавањето за сообраќајниот софтвер кој обвинетите и го продале на државата за 80 илјади евра. Според пораките презентирани во судница, целата постапка завршила со меѓусебни честитки.

Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Поврзани новости