Српските медиуми јавуваат дека дошло до бунт во српската репрезентација по неуспехот на Европското првенство во Германија.
Според информациите, неколку играчи нема да играат за националната селекција се додека Драган Стојковиќ Пикси е селектор.
„Телеграф“ пишува дека одлуката ја донел пред се најдобриот поединец на ЕУРО – голманот Предраг Рајковиќ.
– Извинете, дефинитивно извинете, ова е феноменална група на момци, се собравме, работевме напорно, верувавме во нас. Мислам дека заслуживме да одиме понатаму, но не успеавме. Навистина жалам, не знам што да кажам, мислам дека покажавме како Србите се борат, како гинат за Србија. Не знам – рече тој и додаде:
– Немам што да добијам од тоа, ќе дадев се да примив пет гола и да одевме понатаму. Фудбалот е таков, мора да продолжиме понатаму. Жал ми е за навивачите кои дојдоа да не поддржат и кои не гледаа на малите екрани. Се уште нè сакате – изјави Рајковиќ по дебаклот во Србија.
„Информер“ пренесува дека покрај голманот иста одлука донеле и триото Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Душан Тадиќ.
Немања Радоњиќ пред почетокот на турнирот реши да не игра се додека на клупата е Драган Стојковиќ, а иако Србите вечерва се враќаат во татковината по неуспешниот настап на ЕП, во сопствена режија веќе во земјата се вратил фудбалерот Иван Илиќ, што е причина за сомнежите дека нешто не функционира во репрезентацијата.