Ханс Ван Бален е новиот претседател на “Пријателите на Македонија”

by Fokus

Групата “Пријатели на Македонија” денес беше реактивирана во Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.

“Пријателите на Македонија” ќе ги води холандскиот либерал Ханс Ван Бален а во неа влегоа 43 европски пратеници што доаѓаат од сите големи политички групи помеѓу кои Словенците Иво Вајлг и Тања Фајон, Словакот Едвард Кукан, Германецот Кнут Флекенштајн, Хрватите Тонино Пицула и Јозо Радош, Бугаринот Андреј Ковачев, Британецот Чарлс Танок или Естонецот Туне Келам.

На средбата на оваа неформална група “Пријатели на Македонија” присуствуваше и шефот на нашата дипломатија Никола Димитров кој изјави дека е поддршката на пратениците е “значајна и мотивирачка за да се изгради демократска, стабилна, просперитетна и европска Република Македонија”.

МИА

Поврзани новости