Хановер: Косово нема да може да стане членка на ЕУ, партнерство за мир и НАТО без да се вклучат во формирање СЗО

by Fokus

Американскиот амбасадор Џефри Ховениер денеска изјави дека Косово нема да може да стане членка на ЕУ, да влезе во Партнерството за мир и НАТО без напредок во дијалогот со посредство на ЕУ, повикувајќи ги властите во Приштина да се вклучат во процесот на формирање на Сојуз на српски општини.

Ховениер истакна дека она што САД го бараат од Косово не се притисоци, туку легитимни барања.

Како американски амбасадор во Косово, јас сум многу задоволен од она што го бараме од Владата на Косово и што бараме од народот на Косово. Не треба да има сомнеж, и се надевам дека е многу јасно, дека САД имаат долгорочна посветеност на народот на Косово.
Како амбасада имаме три стратешки точки. Една од нив е поддршката за Косово да го заземе своето место во европските и евроатлантските структури. Ние правиме одлична работа за да го унапредиме ова. Исто така, да и помогне на економијата на Косово да обезбеди иднина за своите граѓани и добро владеење. Значи ова се нашите цели. Тоа што го бараме од Косово не го гледам како притисок. Гледам дека има голем број легитимни барања од САД и од партнерите кои ги унапредуваат овие стратешки цели – рече Ховениер.

Поврзани новости