Хан во Македонија, специјален обвинител мора да има до 15 септември

by Фокус

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе ја посети Македонија на 18 септември, за да провери како се исполнува политичкиот договор од 2 јуни меѓу четирите главни партии.

Портпаролката на Еврокомисијата Маја Коцијанчиќ изјавила, дека комесарот планира да даде старт на претпристапниот дијалог на високо ниво, како што е договорено од Записникот од Пржино на 15 јули.

Ако сепак до 15 септември не биде назначен специјален обвинител како што е предвидено во договорот од 2 јуни, тогаш Јоханес Хан нема да даде почеток на претпристапниот дијалог, а ќе одржи само средби со претставници на власта, опозицијата и граѓанскиот сектор, појасниле од Еврокомисијата. Назначувањето на специјален обвинител е барање на опозицијата, со кое мораше да се согласи и власта.

Новиот обвинител ќе биде задолжен за сите предмети поврзани со прислушувањата.

Смислата на посетата на Хан ќе се промени, ако до 15 септември партиите не го наведат името на специјалниот обвинител, појаснуваат уште од Еврокомисијата.

Поврзани новости