514
-Ситуацијата во Македонија е многу сериозна и членови на Европскиот парламент веќе разговараат со спротивставените страни и се обидуваат да најдат решение, рече вчера во Белград еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
Тој посочи дека во наредниот период ќе биде клучно да се утврди кривична, но и политичка одговорност за случувањата во Македонија. Рече дека е потребно опозицијата да се врати во парламентот.
-Тоа е политички скандал, и потребно е опозицијата да се врати во парламентот, а истовремено да се формира истражен комитет кој ќе се занимава со политичката одговорност на целото прашање, истакна Хан.
Хан кажа дека Европската комисија понудила поддршка од експерти кои ќе можат да гарантираат независност на истрагата.