500
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Србија изјави дека сите делови на Западниот Балкан имаат перспектива изразена во стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, и која треба да создаде позитивен притисок врз сите политичари во регионот да работат на перспективата во интерес на своите граѓани.
Ова еврокомесарот го изјави на заедничката прес конференција со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград, по завршување на нивната средба.
Хан рече дека позитивните резултати од дијалогот на Белград и Приштина треба да бидат во интерес и на Косово и Србија, а тоа е европската перспектива.