Прислушуваните материјали покажале дека системот во Македонија е поткопан со политичко влијание и корупција, рече еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Јоханес Хан, на вчерашната дебата на европскиот парламнент за резолуцијата за земјава што ја подготви европратеникот Иво Вајгал, во кој се бара од европската комисија да отвори преговори за членство со Македонија.
– Критиките кон демократскиот развој на Македонија се издржани, но најголемата потпора на ЕУ за нашите интереси е дека само преку преговори можеме да ги решиме овие недостатоци. Имаме влијание во фазата кога ги отвораме преговорите и особено додека траат преговорите. Како што можете да видите го губиме влијанието по влезот на земјите во ЕУ – рече Хан.
Инаку, резолуцијата на европратеникот Вајгл во голема мерка е на иста линија со минатогодишниот извештај од Европската комисија, во кој основна порака е дека треба во целост да се почитува договорот од Пржино и да се спроведат фер и демократски избори.