388
Опозицијата е таа која сака чесно да се постави и да им обезбеди на граѓаните фер и слободно изразување на изборите, каде што ќе можат самите да ја изразат својата слободна волја, а за тоа мора да кристално да бидат исполнети условите за да се случи такво нешто истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.
Тој веднаш по средбата со опозицискиот лидер отиде да се сретне со премиерот Никола Груевски.
Тој нагласи дека ги пренеле нивните ставови и дека тие ќе бидат разгледувани од европскиот претставник и од другите учесници во преговорите.