Претседателот Макрон во неговата последна посета во Белград за прв пат потврди дека процесот за пристапни преговори може и треба да се одвива паралелно, ова е голем чекор напред, рече еврокомесарот Јоханес Хан, на денешната прес конференција во Владата.
Тој изрази уверување дека Македонија ќе добие зелено светло во октомври кога се очекува да почнат пристапните преговори. Хан при тоа ја пофали опозицијата затоа што, рече, конструктивно учествува во работата на Собранието.
На прашање од новинар што би му порачал на млад човек кој е уморен од чекање и сака да си замине од земјава, Хан рече дека економските бројки во земјава покажуваат напредок.
-Стапката на невработеност се намалува и се надевам ова може да биде почуствувано од граѓаните. Ние имаме цел да создадеме економски услови кои ќе им овозможат на луѓето да останат тука, а не да имигрираат, ова е важно затоа што е нездраво за Европа како целина ако имате ситуација каде некои земји зависат од она што го праќаат нивните граѓани од странство. Сакав да се случи отворање на пристапаните преговори порано, но ете. Имаме регулативи каде ни е потребна поддршка од сите земји – рече Хан.