Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан, кој даде поддршка за успешен референдум. Хан порача дека му пречи кратенката ПЈРМ и верува дека на следната средба ќе ни се обраќа со Северна Македонија.
„Ова е ретко на решавање на долготрајни конфликти. Граѓаните ќе имаат можнос да ја определат својата иднина, а одлуката ќе има влијание врз нвните деца, внуци и идните генерации. Важно е да се осигура дека граѓаните можат да донесат информирани одлуки. Се работи за одлука која треба независно да ја донесат граѓаните, а нивната одлука ќе биде важна за стабилноста во регионот. Не ми се допаѓа кратенката ПЈРМ, и се надевам дека во иднина ќе ви се обраќам со Северна Македонија. Само вие ќе одлучите за можноста и немате време за губење.“, истакна Хан.
Еврокомесарот оствари средба и со лиерот на опозицијата , Христијан Мицкоски а Хан му пренес јасна порака – референдумот да не се претвори во политички настан.
„Мојата порака до Мицкоски и кон премиерот е дека станува збор за референдум за иднината на земјата. Целата ситуација не смее да се претвори во нешто кое е политични настан. Мислам дека политичките партии треба да се возджат од патиски потреби и цели. Секој треба да одлучи за своите сопствени интереси и поглоеди. Не е време да се играат политички игри“, заврши Хан.