Еврокомесарот, Јоханес Хан, не одговори конкретно на новинарско прашање дали ЕУ има план Б доколку Македонија и Грција не го решат спорот со името. Хан рече дека е потребен компромис и секоја страна да се откаже од нешто, но и да се искористи моментумот за конечно да се надмине долгогодишниот проблем.
-Мислам дека ова е важно, и би рекол дека е предуслов, но како што видовте претставува пречка во минатото и сум уверен дека е ова е можно, не затоа што би започнале преговорите, мислам дека е многу поважно да имате добрососедски односи со вашите најблиски соседи. Моја сугестија е да се искористи моментумот, можноста која ја создадовте за да добиете договор што е мож поскоро. Се разбира потребен е компромис, секој да се откаже од нешто, од ваша страна е неопходноен компромис како и од грчката. Но како што разбрав двете страни се одлучни да најдат решение за да имаме фер и правичен договор. Тоа треба да биде целта и мислам дека е можно во блиска иднина – рече Хан на заедничка прес конференција со премиерот, Зоран Заев.
Тој изрази големо задоволство што е во Македонија и што по бројните средби за решавање на политичката криза е во земјава за да соопшти добри вести.
-Не би сакал да ја скријам моата лична среќа што денеска сум тука да прославиме успех по толку посети за управување на кризата. Времето е сончево, не врне, условите се многу добри и да уживаме во овој момент. Но тоа е момент и обврска да се продолжи започнатото, ова е еден добар пат кон Европа, останува уште многу да се направи. Земјата и сите граѓани навистина ја заслужија оваа неусловена препорака. ЕУ го призна фоксуирањето на вашата земја кон неопходните услови за зачленување, земјата помина долг пат за да ја надмине длабоката политичка криза и сега сте цврсто назад на европскиот пат. Гледаме има позитивна промена, се рефлектира чувство на отвореност и надеж, ја чувствам атмосферата и добрите вибрации и ова е нешто што треба да се надградува. Вашата земја стана ветување за демократска промена во регионот. Импресиониран сум од она што Владата го направи за имплементирање на реформите, моментумот на реформи мора да продол во насока на подобрување на независноста на судството – порача тој.
Како што рече Хан, европската перспектива ќе зависи од успехот со кој ќе се имплементираат реформите.
-Земјата стана фактор на стабилност во регионот. Вратени сте на правиот пат и тоа е најважно – додаде тој.