Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика младите во земјава да не го бојкотираат референдумот за името кој треба да се случи оваа есен. Во спротивно, рече тој, може во Македонија да се случи нешто слично како Брегзит, кога биле донесени одлуки на штета на младите.
-Сакам јасно да кажам да има силна меѓународна поддршка за оваа спогодба, која е важен придонес кон мирот и стабилнсота за регионот, но и за цела Европа. Но на граѓаните сега им останува на оваа држава да одлучат за иднината на својата земја. На крај сепак се работи за нив. Вратата на ЕУ сега е ширум отворена. Вам ви останува да ја искористите оваа можност. Ги повикувам да го искористат своето демократко право и да учеств во референдумот особено младите. Младите во Велика Британија не учествуваа и се донесоа одлуки кои не се во нивна корист. Младите треба да сфатат дека секој глас е важен. Важно е да се учевствува и да се искористи демократското право. Се работи за вашта земја и за вашата иднина – порача Хан.
Тој рече дека скрининг процесот е со цел да се подготви земјата за почеток на преговори кои би започнале во јуни следната година.
Хан испрати пораки и до опозицијата за национално единство.
-Долго сум во политиката не сум наивен. Имам искуство со европската перспектива и во мојата земја. Австрија стана членка пред 23 години, во тоа време главните политички партии успеаја политичките игри да ги стават на страна и да се фокусираат на оваа цел. Има простор за политички игри во други области, но сите треба да одат во ист правец во однос на европските интеграции. Секој политичар ќе биде оценет според заложбите за остварување на оваа цел. Ги повикувам сите засегнати страни да го прифатат ова како надпартиска цел и конструктивно да се вклучат. Ова ќе донесе опиплива корист за граѓаните. Европската перспектива ги подобрува условите за живот на граѓаните во земјата и тоа е она што е најважно – посочи тој.