Хан во средината на идниот месец доаѓа во Скопје, да ја оцени досегашната имплементација на договореното. Веста ја потврди Брисел.
Задача на Хан би била проверка на пречистувањето на Избирачкиот список, да се осигури дека опозицијата ќе има медиумски простор и дека ќе бидат исполнети сите предуслови за одржување на доверливи избори.
Во Европската комисија велат дека може да се направат неопходните реформи за доверливи и демократски избори во април. Прочистувањето на Избирачкиот список ќе биде надгледувано и од претсавниците на ЕУ, од државите членки на ЕУ, од ОБСЕ/ОДИХР, од локалните претставници…
„Ќе се процени дали во одредениот датум се исполнети условите за доверливи избори“, вели портпаролката Коцијанчиќ.
Во меѓувреме од опозицијата потенцираа дека нема да учествуваат на избори кои не се кристално фер и демократски, мисклучувајќи декаљ до 24 април може да се обезбедат услови за такво нешто.
Амбасадите на европските земји во Скопје порачаа дека изборите мора да бидат веродостојни. Со став се уште не се јавила американската амбасада.