575
Потребно да се врати довербата во квалитетот и независноста на судството. Тоа е нешто што граѓаните на земјата го заслужуваат, да може да се потпрат на функционално, транспарентно и некорумпирано судство, вели еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-Јасно е дека сите земји од Западен Балкан треба подоцна или порано, се надевам порано, да станат членки на Европската унија. Тие се веќе опкружени со држави членки на Европската унија. Логично е дека на крајот и тие треба да станат членки за да биде завршена конструкцијата на семејството на Европската унија, вели Хан во интервјуто.