Хан – граѓаните заслужуваат некорумпирано судство

by Fokus

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа вели дека во однос на најавените судски реформи целосно му верува на експертот Рајнхард Прибе и неговиот тим. Во врска со СЈО тој вели дека сега е на владата да дискутира за тоа како натаму.

– Тоа што апсолутно е потребно да се врати довербата во независното судство, квалитетот на судството. Јас мислам дека тоа е и целта на луѓето што работат во него, обвинители, судии, државни службеници и мислам дека тоа е исто така нешто што граѓаните на земјата го заслужуваат, да може да се потпрат врз функционално, транспарентно и некорумпирано судство – вели Хан.

 

Поврзани новости