395
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и честиташе на македонската Влада за потпишувањето на Пристапниот протокол за НАТО идната недела и најави дека ЕУ ќе даде најсилна поддршка за отворање на преговорите за членство во ЕУ ова година.
„Од срце му честитам на премиерот Зоран Заев, на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на Владата на Македонија и на граѓаните за првиот суштински чекор во евроатлантските интеграции на идната Северна Македонија.
ЕУ ќе даде најсилна поддршка за тоа вториот чекор, отворање на пристапните преговори со Унијата да следи оваа година”, напиша Хан на Твитер.