Хан е уверен дека Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ наредната година

by fokus

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска изјави дека е уверен оти Македонија и Албанија би можеле наредната година да ги почнат преговорите со Европската Унија.

-Ова е многу опсежна работа и се надевам дека ќе ја заокружиме за една година до 14 месеци, вели Хан во интервју за „Политико Европа“. Целта е, додава тој, да се добие зелено светло од сите земји членки до средината на следната година.

Хан во интервјуто наведува дека не размислува како францускиот претседател, Емануел Макрон, кој смета дека ЕУ не може да се проширува пред самата реформски да се продлабочи. Според Хан, процесите може да одат паралелно.

 

Поврзани новости