Еврокомесарот Јоханес Хан пред граѓаните на Штип на денешнава дебата која е дел од караванот на ЕУ порача дека е оптимист оти референдумот на 30-ти септември ќе биде успешен, а граѓаните ќе излезат и ќе го дадат свој глас. Забележа дека се работи за одлука на граѓаните кои треба самите да ја донесат, а ги повика младите да го сторат тоа, бидејќи се работи за европската иднина на нивната земја.
– Свесни сте дека мора да направите компромис и се надевам дека ќе излезте на гласачките места. Знам дека помладите генерации не се многи наклонети да излезат на гласачките места, рече Хан.
Еврокомесарот за проширување во ЕУ, Хан на трибината истакна дека референдумот е од конслутативна природа и оти без разлика на исходот, што поголемата излезност ќе им даде како што рече појасен мандат на политичарите во кој правец да размислуваат.
Прашан дека неговата порака испратена за референдумот од Штип е многу јасна, но што доколку нема цензус на референдумот, Хан со одговор дека е важно да се подвелече дека се работи за демократското право на граѓаните.
– Се разбира демократското право на секој граѓанин и тоа значи да се учествува без разлика дали се избори или дали е референдум, како што е во конкретниот случај. Се разбира дека граѓаните мора да го искористат своето право на глас. Тоа е многу јасно, морам да бидам јасен дека тоа во овој контекст се работи за фундаментално прашање, како што е прашањето за референдумот. Меѓутоа јас повторно би рекол да го преминеме мостот, па да видиме што после ќе се случи. Но, јас сепак сум убеден дека исходот од референдумот ќе биде позитивен. Мора да го почитуваме сувереното право на граѓаните на глас и таа одлука мора да се испочитува од страна на сите и потоа се разбира дека политичарите ќе треба да се справуваат со последиците и соодветно на тоа и да донесат одлуки, рече Хан.