Хан: Државите од Западен Балкан да станат членки на ЕУ со цел да се сопре иселувањето на младите

by fokus

Брисел сака државите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија, а една од главните причини е младите луѓе да се задржат во своите држави и да не ги напуштаат, порача денеска во Трст европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.

Зборувајќи на самитот на лидери на западнобалканската шесторка Хан рече дека тоа би ги намалило и тензиите од минатото. Задача на политиката е да обезбеди рамки додека одговорноста за економско поврзување е на бизнис заедницата.

„Овде сме да видиме што досега е направено во рамки на Берлинскиот процес како и да утврдиме понатамошни задачи. Тоа на што мораме да работиме е младите да останат во регионот. Тоа е начин да се симнат сите тензии од минатото и да се креираат услови за нивно останување“, изјави тој.

Поврзани новости