449
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан испратил писмо до лидерите на политичките партии во кое им порачал да продолжат со спроведувањето на Договорот од Пржино. Тој ги известил дека во јануари доаѓа за одблизу да се запознае со тоа како се спроведува договореното.
Конкретен датум за посетата на Јоханес Хан уште нема утврдено, но најверојатно тој ќе дојде на почетокот на јануари, по новогодишните празници. Што се однесува до Договорот од Пржино, речиси сите рокови за негово спроведување се пробиени, како изгласувањето на законот за обвинителската служба и административниот тим на специјалната обвинителка Катица Јанева.