346
Двајца заложници, американски државјани, киднапирани од Хамас, се ослободени, тврди милитантната група.
-Двајцата американски заложници се ослободени од хуманитарни причини – изјави портпаролот на вооруженото крило на организацијата, Абу Убаида.
Тој рече дека тоа е одговор на напорите за посредување на Катар и „да му се докаже на американскиот народ и на светот дека тврдењата на Бајден и неговата фашистичка администрација се лажни и неосновани“.
Хамас не го објави идентитетот на заложниците кои наводно биле ослободени.