Пет лица, меѓу кои и командантот на локалното крило на Хамас, загинаа во израелски воздушен напад врз возило на окупираниот Западен Брег, објавија денеска медиумите под контрола на групата.
„Тајмс оф Израел“ наведува дека е убиен командантот на бригадата „Из адин ал Касам“, Хајтем Балиди, додека идентитетот на останатите е непознат.
Израелската армија (ИДФ) објави дека извршила воздушен напад врз милитантна ќелија околу градот Тулкарм на Западниот Брег.
Медиумите на Хамас јавуваат дека било погодено возило кое превезувало борци и дека еден од командантите на нивната бригада е убиен во Тулкарм.
Тензиите низ регионот се зголемија оваа недела по убиството на политичкиот водач на Хамас Исмаил Хани во Техеран во средата, еден ден откако израелски напад во Бејрут го уби високиот воен командант на Хезболах, Фуад Шукр.
Хамас и Иран го обвинија Израел за убиството на Ханија и ветија одмазда.
Израел ниту призна, ниту негираше вмешаност во смртта на Ханија.
Хезболах, кој како Хамас, го поддржува Иран и исто така вети одмазда.