Хамас објави соопштение во кое се вели дека се обидува да го продолжи четиридневното примирје со Израел под услов да се направат сериозни напори да се зголеми бројот на палестински затвореници ослободени од Израел, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека денешното ослободување на заложниците е резултат на „интензивна американска дипломатија“.
🚨JUST NOW: Hamas seeks to extend ceasefire:
The Islamic Resistance Movement Hamas seeks to extend the truce after the end of the four-day period, through the serious search to increase the number of released detainees as stated in the humanitarian truce agreement. pic.twitter.com/PkMJ06TUhF
— Palestine Now. (@PalestineNW) November 26, 2023
„Продолжуваме да вршиме притисок и очекуваме да бидат ослободени дополнителни Американци. Нема да престанеме да работиме додека секој заложник не им биде вратен на нивните најблиски“, рече тој.
Бајден додаде дека неговата администрација ќе работи на продолжување на договорот што доведе до ослободување и привремена пауза во борбите во Газа.