Израелската армија од своја страна објави дека цел на „двајца терористи кои ставале оружје во возило“ во Кан Јунис, на југот на Газа, го нападнале „командниот центар на Хамас“ и заплениле оружје.
Палестинското исламистичко движење Хамас соопшти дека ноќеска во „интензивните“ израелски напади врз Појасот Газа биле убиени повеќе од 60 луѓе.
Војната меѓу Израел и Хамас започна откако палестинското исламистичко движење го нападна Израел на 7 октомври, при што загинаа 1.140 луѓе во Израел.
Околу 250 луѓе беа киднапирани, а 132 од нив се уште се во Газа како заложници. Според израелските власти, најмалку 25 од заложниците држени во Газа се убиени. За време на прекинот на огнот на крајот на ноември беа ослободени околу 100 заложници.
„Има повеќе од 60 маченици и десетици ранети во новите масакри што ги извршија окупаторските сили вечерва и во зори“, напиша денеска во соопштение прес-службата на владата на Хамас, која е на власт во Газа.
Во соопштението се додава дека се погодени две болници, едно училиште и „десетици“ згради.
Израелската армија од своја страна објави дека цел на „двајца терористи кои ставале оружје во возило“ во Кан Јунис, на југот на Газа, го нападнале „командниот центар на Хамас“ и заплениле оружје.
Според соопштението на Хамас, нападите и артилерискиот оган биле насочени кон Кан Јунис и јужниот град Рафах, каде што израелската армија сега ја концентрира својата офанзива, како и кон други зони на територијата под опсада.
Обединетите нации проценуваат дека 1,9 милиони жители на Газа од вкупно 2,4 милиони морале да ги напуштат своите домови и немаат сè, од храна до лекови и гориво.
Конфликтот, исто така, го поттикнува насилството во регионот со вооружени групи кои го поддржуваат Хамас. Размената на оган со либанското исламистичко движење Хезболах и израелските сили е речиси секојдневна од почетокот на војната во Газа.
Проиранскиот Хезболах вчера објави дека извршил шест напади на израелска територија, вклучително и еден на село во кое загинаа две лица. Според израелската армија, станува збор за двајца цивили, мајка и син, кои биле убиени од ракета истрелана од Либан.
Тензиите се високи и во Црвеното Море, каде јеменските Хути, бунтовници поддржани од Иран, ги напаѓаат бродовите за кои веруваат дека пловат за Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа. Во петокот и саботата, САД и Велика Британија извршија напади врз позициите на Хутите како одговор на нивните напади врз трговските бродови.
Американската војска вчера објави дека нејзините авиони собориле крстаречка ракета што Хутите ја упатиле кон американски разурнувач во јужниот дел на Црвеното Море, од јеменското пристаниште Ходеида, контролирано од Хутите.
Медиумите под контрола на Хутите синоќа објавија дека Британците и Американците извршиле нови напади врз градот Ходеида, но Вашингтон веднаш го демантираше тоа.
Во Израел, илјадници луѓе вчера, на одбележувањето на 100-тиот ден од војната, изразија солидарност со заложниците кои ги држеше Хамас на палестинска територија. Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека ќе направи се за да ги врати заложниците дома.
Портпаролот на военото крило на Хамас, Абу Обеид, синоќа изјави дека многу од заложниците најверојатно починале неодамна и дека тие и понатаму се во „голема опасност“ и дека Израел е целосно одговорен за тоа.
Вооруженото крило на Хамас синоќа објави видео од тројца израелски заложници, двајца мажи и една жена. Не беше дадена индикација за датумот кога е снимен. Во таа снимка, заложниците, на хебрејски, бараат од израелските власти да направат се за да ги ослободат.