Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 53 камиони со хуманитарна помош денеска влегле во Појасот Газа. Се додава дека камионите биле натоварени со храна, вода, медицински материјали и лекови.
Граничната управа на Газа соопшти дека преминот Рафа на границата со Египет денеска повторно ќе биде отворен за оние кои поседуваат странски пасоши.
Евакуацијата од Појасот Газа во Египет за странски државјани и Палестинци на кои им е потребна итна медицинска помош беа прекинати во петокот, пишува Хаарец.
Израелската армија ќе помогне да се евакуираат бебињата заробени во болницата Ал Шифа во Газа, изјави портпаролот на израелската армија, адмирал Даниел Хагари.
IDF says a significant amount of troops continue to fight in Gaza City’s al-Shati camp.
It says that in one incident, Givati Brigade troops identified civilians in a building, and enabled them to evacuate. But during the evacuation, Hamas opened fire at the soldiers. The troops… pic.twitter.com/MWr73M1Ced
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) November 12, 2023
Во еден инцидент, се вели дека војниците на израелската бригада ги идентификувале цивилите во зградата и им дозволиле да се евакуираат. Но за време на евакуацијата Хамас отвори оган врз војниците.
Светската здравствена организација во саботата соопшти дека ја изгубила комуникацијата со своите контакти во болницата Ал Шифа во северниот дел на Газа и изрази „сериозна загриженост“ за безбедноста на сите заробени таму во борбите, повикувајќи на итен прекин на огнот.
Портпаролот на Министерството за здравство на Газа изјави дека операциите во болничкиот комплекс Ал Шифа, најголемиот во палестинската енклава, биле прекинати во саботата, откако останал без гориво.
Три новородени бебиња починаа во најголемата болница во Газа, која беше ставена „надвор од работа“ поради интензивните борби во областа, соопшти Министерството за здравство под контрола на Хамас.
Милитантната група објави дека објектот е под опсада на израелските сили, додека израелската армија го негираше тоа.