Хамас одбива разговори за размена на затвореници, отворени се за прекин на војната

by Fokus

Палестинската милитантна група Хамас одбива да разговара со Израел за размена на заробеници додека трае војната, но е отворена за секоја иницијатива за прекин на војната, изјави денеска високиот функционер на Хамас, Басем Наем.

– Го потврдуваме нашиот став дека категорично одбиваме да водиме каква било форма на преговори за размена на заробеници како дел од продолжувањето на израелската геноцидна војна – рече Наем.

Тој рече дека Хамас е отворен за секоја иницијатива што придонесува за „запирање на агресијата“ против Палестинците и отворање на премините со цел да се достави помош до палестинскиот народ, пренесува Ројтерс.

Поврзани новости