Хамас истрела 15 ракети врз централен Израел

by fokus

Радикалната палестинска група Хамас истрела серија ракети кон Тел Авив и другите соседни израелски градови. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Израелската армија соопшти дека биле истрелани вкупно 15 ракети, од кои шест биле соборени. Војската обично се обидува да ги собори само оние проектили што се очекува да ги погодат населените области.

Полицијата соопшти дека расчистувала остатоци од ракети во најмалку едно предградие на Тел Авив, најверојатно од проектил уништен во воздух.

Поврзани новости