Американскиот претседател Џо Бајден во синоќешното вонредно телевизиско обраќање до нацијата ги осуди милитантната организација Хамас и рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека зад нападот врз Израел и инвазијата на Украина стои заеднички мотив.
„Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат едно нешто заедничко – сакаат да ја уништат демократијата во соседството“, рече БАјден во обраќањето од Овалната соба на Белата куќа.
Тој побара американска поддршка за нов пакет помош од милијарди долари за Израел и Украина, додавајќи дека американската поддршка е клучна за двата сојузници разурнати од војна.
„Се соочуваме со пресвртница во историјата. Ова е еден од оние моменти кога одлуките што ги носиме денес ќе ја обликуваат иднината во наредните децении“, рече американскиот претседател на почетокот на своето обраќање.
Тој понатаму рече дека Хамас е изворот на чистото зло.
„Ризикот е конфликт и хаосот може да се прошири и на други делови од светот … особено на Блискиот Исток“, рече Бајден.
Тој вели дека САД и нивните сојузници „работат на изградба на подобра иднина“ за Блискиот Исток.
Бајден го спореди Хамас со рускиот претседател Владимир Путин.
„Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат една заедничка цел: и двајцата сакаат целосно да ја уништат соседната демократија.
Бајден забележува дека противниците на САД го следат развојот на двата воени конфликти и, во зависност од нивниот исход, може да предизвикаат проблеми во други области во светот.