Хамас го обвини Израел дека сака да го наруши договорот за примирје

by Fokus

Палестинската радикална група Хамас денеска соопшти дека Израел се обидува да ги врати работите на почетната точка со барање за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Со истекот на првата фаза од прекинот на огнот ноќта кон неделата, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го прифатила предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп (преку пратеникот на Белата куќа за Блискиот Исток Стивен Виткоф) за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за периодот на светиот муслимански месец Рамазан и Пасха.

- Advertisements -

„Окупаторите се обидуваат да ги вратат работите во нивната првобитна положба и да го поништат договорот нудејќи алтернативи“, рече високиот функционер на Хамас Осама Хамдан во телевизиска изјава.

Поврзани новости