Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека милитантната група Хамас ги спречува Палестинците да се евакуираат од северниот дел на Појасот Газа.
„Хамас им го отежнува движењето на жителите на Појасот Газа по главните патишта и го спречува минувањето на возила на тие патишта“, се вели во соопштението на ИДФ, а пренесува „Тајмс оф Израел“.
The IDF has posted drone footage of Hamas attempts to block residents of Gaza City from evacuating south, including setting up physical roadblocks pic.twitter.com/HNOjzOPUVv
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) October 14, 2023
Се додава дека стотици илјади Палестинци биле забележани како се движат кон југ, но дека многумина останале заглавени во сообраќајот поради блокадите на Хамас. ИДФ објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа застојот на патиштата во Појасот Газа.
Израелската армија претходно ги предупреди жителите на северот на Појасот Газа да се евакуираат на југ, пред очекуваниот копнен напад врз областа. Во северниот дел на Газа живеат околу 1,1 милион Палестинци.