342
Хамас ги прекина преговорите со Израел за ослободување на заложниците, објави израелскиот амбасадор во Москва, Александар Бен Цви.
„Сега, колку што знам, нема преговори (за ослободување на заложниците). Хамас самоиницијативно ги прекина“, изјави израелскиот амбасадор за телевизијата „Русија 24“.
Како што додаде, израелските власти и покрај сите барања сè уште не го добиле списокот на заложници во Појасот Газа.
Амбасадорот истакна дека Израел смета на ослободување на сите заложници одеднаш, пренесува Спутник.