Хамас соопшти дека е „подготвен“ за примирје во Газа по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, пренесува АФП.
Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи на сила утрово во 4 часот по локално време, со што заврши речиси 14-месечните борби кои започнаа откако Хамас го нападна јужниот дел на Израел во октомври минатата година.
Договорот за прекин на огнот, кој израелскиот кабинет за национална безбедност го одобри синоќа со 10 гласови против, предвидува 60-дневен преоден период во кој израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ги повлечат трупите од јужен Либан, додека либанската армија распореди околу 5.000 војници јужно од реката Литани, вклучително и 33 точки долж границата со Израел, според порталот „Тајмс оф Израел“.
Хезболах ќе го напушти јужниот дел на Либан и неговата воена инфраструктура ќе биде демонтирана.
Соединетите држави, исто така, наводно доставиле дополнителен документ во кој се прецизирани правата на Израел да одговори на потенцијалните прекршувања на примирјето.
Според сознанијата на американскиот ТВ канал, договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах е постигнат со посредство на САД и Франција.