Хамас: Бројот на загинати во израелскиот напад во северниот дел на Газа се искачи на 93

by Fokus

Бројот на загинати во израелскиот напад рано утринава врз петкатница на северот на Газа, каде што се засолниле раселените Палестинци, се искачи на 93, соопшти цивилната заштита на Газа, каде што на власт е палестински Хамас.

Претходно, Министерството за здравство во Газа соопшти дека бројот на жртвите е 60, додавајќи дека половина од жртвите се жени и деца.

Во нападот на резиденцијата на семејството Абунаср во северниот град Беит Лахија, загинаа 93 лица, а околу 40 лица се уште се водат за исчезнати под урнатините, изјави за АФП Махмуд Басал, портпарол на цивилната заштита.

Службите за итни случаи на Министерството за здравство во Газа претходно известија дека меѓу загинатите има најмалку 12 жени и 20 деца, вклучително и бебиња.

Меѓу загинатите има мајка со пет деца, од кои некои се возрасни и уште една мајка со шест деца, според прелиминарниот список на жртви што го обезбедија службите.

Засега нема реакција од израелската армија, која повеќе од три недели спроведува операција во северниот дел на Газа, насочена, како што вели, „џебовите на милитантите на Хамас кои се прегрупирани таму“, пренесува агенцијата АП.

Д-р Хосам Абу Сафија, директор на блиската болница Камал Адван, рече дека болницата била преплавена од бранот ранети кои пристигнале по нападот. Израелските сили извршија напад врз болницата во текот на викендот, при што беа приведени десетици лекари и медицински персонал.

Поврзани новости