Хамас бара да ги трампа заложниците за затвореници

by Фокус

Претставник на Хамас побарал ослободување на 6.000 Палестинци, мажи и жени кои се држат во израелските затвори во замена за заложниците во Газа.

Израелската војска денеска соопшти дека на опколената територија има 199 заложници, што е повеќе од претходно проценетото.

Калед Мешал, шеф на канцеларијата за дијаспора на Хамас, рече дека меѓу заложниците има високи офицери од израелските одбранбени сили – дивизијата Газа, која е одговорна за патролирање на Појасот Газа.

Изјавата на Мешал доаѓа набргу откако друг функционер на Хамас рече дека не ни знае дали заложниците се живи.

Шефот за политички и меѓународни односи на Хамас, Басем Наим, изјави дека е невозможно да се потврди дали заложниците се живи бидејќи „Газа е под силно бомбардирање“.

-Им кажавме на сите посредници дека сме подготвени да ги ослободиме сите цивилни заложници во моментот кога ќе престане агресијата врз нашиот народ – изјави тој.

Поврзани новости