579
27-годишен велешанец е уапсен денеска откако при претрес во неговиот дом се најдени халуциногени печурки, марихуана и хашиш смола. Против него ќе биде поднесена и кривична пријава до велешкото јавно обвинителство.
„По претходно добиени сознанија и добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на М.П. (27) од Велес. При претресот се пронајдени халуциногени печурки, пакувања со марихуана и шприц со хашиш смола. Дополнително е извршен претрес во куќа која М.П. ја користел, при што се пронајдени банкарски картички, документи со евиденции за продажба на дрога, лап топ компјутери… М.П. е лишен од слобода во СВР Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Велес“, информираа од МВР.