712
Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ на денешната седница ја прифати конечната понуда за соработка на „Халк банка“ АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата.
Како што е објавено на веб страницата на Поштата, рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем, кој и досега беше во употреба.
– Упрвниот одбор на Пошта на С. Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание на Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД „Пошта на С. Македонија и Халк Банка АД Скопје, стои во соопштението објавено на веб страницата на Поштата.