Халид Бешлиќ доживеал сообраќајна несреќа

by Фокус

Легендата на босанската народна музика Халид Бешлиќ доживеал сообраќајна несреќа во Србија, но не се здобил со сериозни повреди.

-Сѐ е во ред, нема никакви проблеми – изјавил Бешлиќ за Н1.

Тој појасни дека се работело за верижен судир.

-Нас нѐ удри една жена, а ние автомобилот пред нас – додал пејачот.

Инаку, тој за влакно ја избегна смртта во сообраќајна несреќа пред речиси десет години.

-Секој ден поминувам покрај местото каде што имав несреќа. Постојано размислувам дали можеше нешто да се промени тогаш. Имам последици – не гледам на едното око, но останатото го санирав. Посакувам да не се случеше – рекол Халид.

Поврзани новости