Халанд стави потпис на најголемиот спонзорски договор во историјата на фудбалот

by Fokus

Напаѓачот на Манчестер Сити, норвешкиот фудбалски ас Ерлинг Халанд, стави потпис на најголемиот спонзорски договор во историјата на фудбалот.

Голгетерот потпиша 10-годишен договор со производителот на спортска опрема „Најк“ тежок 227 милиони евра.

„Со своите игри и постигнатите голови, Халанд не ја одбележа само сегашноста, туку и иднината. Тој е наследник на најголемата деветка и е напаѓач на новата генерација“ – рекоа од „Најк“ по договорот со Халанд.

Со ова, Халанд им се приклучи на Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе, Хари Кејн, Маркус Рашфорд, Кевин де Брујне како најголеми амбасадори и манекени на „Најк“ во светот на фудбалот.

Халанд досега сезонава одигра 37 натпревари за „Граѓаните“ во сите натпреварувања и постигна 42 гола.

Поврзани новости