Фудбалерите на Норвешка во Осло ја пречекаа селекцијата на Словенија во Лигата на нации убедливо ја совладаа, 3:0. Ерлинг Халанд се врати во својот елемент…
Најдобриот напаѓач во историјата на својата земја сега го официјализираше тој факт, бидејќи го постигна 33-от, а потоа и 34-от гол во 36-от настап за националниот тим…
Напаѓачот на Манчестер Сити го собори 87-годишниот рекорд кој го држеше Јорген Јуве, до вечерва најдобриот стрелец на Норвешка досега, но него за таков подвиг му беа потребни 45 дуели.
Нереалниот Халанд претходно постигна гол против Австрија во последниот циклус, додека веќе 11 постигна за клубот во Премиерлигата и Лигата на шампионите.
Ерлинг веќе е далеку пред Ејнар Гундерсен, Хералд Хенум, Џон Карју, Оле Гунар Солскјаер, Торе Андре Фло, кои имаат 26, 25, 24, односно по 23 гола во дресот на Норвешка…